Џон Кери до крајот на неделава ќе престојува во Париз

Од:

Државниот секретар на САД, Џон Кери до крајот на неделава ќе допатува во Париз, јавуваат американските медиуми.

Кери вчера пристигна во ненајавена посета на Пакистан, во знак на „антитерористичката солидарност“ со народот на оваа земја по тешкиот терористички напад врз едно училиште во градот Пешавар минатиот месец. Најавено е дека Кери ќе го посети и училиштето во кое беше извршен нападот.

Посетата на првиот човек на Стејт департментот на францускиот главен град доаѓа една недела по терористичките напади во Париз во кои милитантни исламистички екстремисти убија 17 лица, како и по масовниот марш против тероризмот на кои учествуваа речиси два милиони луѓе предводени од францускиот претседател Франсоа Оланд и уште 44 странски политички лидери.

На маршот, кој беше најголем собир во Париз по прославата на победата и крајот на Втората светска војна, САД беа претставени само со амбасадорот во Франција, Џејн Хартли.

Неприсуството на претседателот Барак Обама, на потпретседателот Џо Бајден или на државниот секретар Кери, предизвика остро реакции во американските медиуми и во домашната политичка јавност. Во својот коментар, отсуството на некои од највиските американски функционери, Си-Ен-Ен го оквалификува како „политичка грешка и погрешна проценка“, додека Фокс-Њуз го нарече „срам за САД“, прашувајќи јавно – каде е претседателот Обама и зашто не дојде во Париз.

Поранешниот спикер на Конгресот, Њут Гингрич, еден од републиканските кандидати на претседателските избори во 2012 година, остро и забележа на Белата куќа за отсуството на САД на антитерористичкиот собир во францускиот главен град.

Медиумите прашуваат дали Обама и САД се арогантни, кога не се појавија таму каде се собра целиот свет во осудата на насилството и каде на само два чекори одалечени еден од друг, одеа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Белата куќа синоќа призна дека е направена грешка што не е испратен висок американски претставник на протестниот марш, но потенцира дека и покрај отсуството, не треба да се сомнева во силната поврзаност на САД со Франција.

Американските медиуми тврдат дека отсуството се објаснувало со тоа што претседателот Обама и САД, идниот месец ќе бидат домаќини на глобалниот Самит во Вашингтон на кој ќе се расправа за домашните и меѓународните мерки за спротивставување на „насилничкиот екстремизам“.

Аналиитчарите цо Вашингтон проценуваат дека борбата против „насилничкиот екстремизам“, што веќе се најавува, не е ништо друго, туку нов термин за она што претходната американска админстрација го нарекуваше „војна против теророт“, а Обама и неговите демократи го осудуваа. 

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски