Егзекуцијата на несреќниот јордански пилот Моаз ал Касасбех кого припадници на ИСИС го запалија жив, а потоа неговото тело го прегазија со булдужер и објавија видео запис кој го згрози светот, била режирана на „Твитер“ од приврзаници на Исламска држава, пренесуваат медиумите.
Постои сомнеж дека се предложени ужасни начини за погубување, од тоа да го растргнат диви животни, преку ужаси со моторна пила до набивање на колец.
Корисник на „Твитер“, под име Абу Ишак Софистикатион предложил пилотот да биде погубен со игли за акупунктура, на кои ќе има киселина, а потоа да му биде пресечена главата и да биде испратена во Јордан.
Агенциите наведуваат дека не е сигурно дали злосторниците одлучиле да го спалат пилотот откако ја виделе кампањата на Твитер, но опасно е тоа што голем број од оние кои се вклучиле во неа живеат на Запад.
Најновите податоци покажуваат дека Касасбех кој беше заробен на 24-ти декември откако неговиот авион принудно слета во Рака, со која владее екстремистичка војска на ИСИС, е погубен во јануари, а дека снимката е пуштена во јавност сега како метод на застрашување.
Е. Г.