Бројот на луѓе кои пребегале од Северна во Јужна Кореја двојно е намален од доаѓањето на власт на Ким Јонг-ун во Пјонгјанг пред четири години, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување.
Во текот на 2015 година во Јужна Кореја пребегале 1.277 Севернокорејци, додека нивниот број во 2011 година изнесувал 2.706. Јужнокорејското Министерство за национално обединување наведува дека по доаѓањето на Ким на власт бројот на луѓе кои пребегнуваат во Јужна Кореја секоја година се намалува.
Во Јужна Кореја живеат вкупно околу 26.000 поранешни граѓани на Северна Кореја. Според социолошките истражувања голем број од нив не се чувствуваат комфорно и тврдат дека се дискриминирани. Затоа организациите за заштита на човековите права апелираат до влчастите во Сеул да вложат погоолеми напори за ниовна социјализација и адаптација.