Двајца српски тинејџери убиени во Данска

Од:

Двајца српски тинејџери се убиени во понеделникот во Копенхаген кога од непознати причини биле нападнати од група млади мажи. Телеграф дознава дека Петар Стешевиќ (17) бил прободен со нож во срцето, додека на неговиот пријател Н.Ш. (18) му бил расечен гркланот.

Петар бил блиску до куќата кога се случил нападот. За нападот врз младите момчиња е осомничен 17-годишен Пакистанец, кој наводно пред судот изјавил дека се работи за самоодбрана.

Според српските медиуми во нападот е повреден млад човек, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Таткото на убиениот 17-годишен Ненад Стешевиќ за Телеграф изјави дека неговиот син секогаш бил ведар и насмеан и дека никогаш немал никакви проблеми.

„Изгаснат еден млад живот, еден цвет, една љубов која повеќе не постои, која никој повеќе нема да ја добие. Петар знаеше само да шири љубов, секогаш беше насмеан и среќен, никогаш никаде не одеше без да каже „Те сакам“, рече таткото на Петар.

Таткото вели дека се работи за момчиња кои никогаш не направиле проблеми. Петар се занимаваше со спорт, ние сме патријархално семејство, така ги воспитав моите деца. Роден сум во Котор, во Данска дојдов пред 25 години“, вели ожалостениот татко за Телеграф, додавајќи дека неговиот син и неговиот убиен пријател биле пријатели уште од градинка.

Петар ќе биде погребан на 15 март на Српските православни гробишта во Копенхаген.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген