Движењето пет ѕвезди на Пепе Грило кандидатот за нов претседател на Италија со предлагаат онлајн

Од:

Припадниците на популистичкото Движење пет ѕвезди, што го предводи комичарот Пепо Грило, можат да предложат свој кандидат за нов претседател на Италија на сајтот на Движењето, а следната недела, исто така, онлајн ќе одлучуваат и за кандидатот на Движењето, откако ќе изгласаат еден од 10-те кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.

-Сметам дека следниот претседател (на државата) не треба да доаѓа од светот на политиката или да е некој кој е на или бил во служба во државен орган, рече Грило, кој го предложи драматургот и писател Дарио Фо, добитник на Нобеловата награда за литература во 1997 година за нов претседател на Италија со седумгодишен мандат.

Како што пренесуваат агенциите, Грило истовремено ги обвинил останатите политички партии дека за своите кандидати одлучуваат „зад затворени врати“ и додаде дека Движењето ќе има „јасни и демократски консултации“.

Предлагањето претедателски кандидати на сајтот на Движењето пет ѕвезди завршува вечерва во 19 часот, а за потесната листа од 10 кандидати ќе се одлучува во вторник.

Победникот на онлајн гласањето ќе биде официјален кандидат на Движењето за нов претседател на Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим