Движењето на Бепе Грило втора политичка сила во Италија на делумните локални избори

Од:

Италијанската левоцентристичка Демократска партија на премиерот Матео Ренци загуби на делумните општински избори во еден од своите бастиони – градот Ливорно во централниот дел на Италија, каде победи Движењето пет ѕвезди на комичарот Бепе Грило.

Ливорно, во областа Тоскана, досега важеше за „црвената цитадела“, затоа што веќе 68 години беше раководена од левицата.

На вчерашното гласање, меѓутоа, инженерот Филипо Ногарин (43) од движењето на Грило изненадувачки победи на изборите со 53 проценти од гласовите на избирачите.

За градоначалничката функција демократите го предложија 39-годишниот Марко Руџери, службеник во италијанскиот енергетски гигант ЕНИ.

Руџери до последен момент важеше за фаворит, бидејќи тоа го покажуваа сите истражувања на јавното мнение. По првиот круг од изборите во Ливорно пред две недели Руџери водеше со 20 проценти, пред Ногарин. Меѓу двата круга, меѓутоа, Граѓанската листа, која во првиот круг освои 16 проценти од гласовите, му даде поддршка за кандидатот на Грило.

Движењето на комичарот победи на општинските избори и во пристанишниот град Чивитавекија, што сега ќе биде раководен од Антонио Коцолино.

По вчерашните победи партијата на Грило го зацврсти имиџот на втора политичка сила во Италија. На европските избори Движењето пет ѕвезди се пласира на второто место по Демократската партија на Ренци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим