Двете Кореји не се договорија за обнова на работата на зоната Каесонг

Од:

Северна и Јужна Кореја денеска одржаа нова рунда разговори, но не постигнаа договор за условите за продолжување на работата на нивната заедничка индустриска зона во Каесонг, бидејќи и натаму спорат кој е одговорен за нејзиното затворање.

Иако пропадна и петтата рунда разговори, двете страни се договориле повторно да се состанат во четврток, сооопшти Министерството за обединување во Сеул.

Производството во Каесонг беше прекинато во април кога Северна Кореја им забрани влез во земјата на сопствениците на компании во зоната и на експерти од Јужна Кореја и оневозможи 53.000 севернокорејски работници да одат на работа во фабриките. Одлуката беше проследена со зголемена воена тензии и закани од Пјонгјанг, поради заедничките американско-јужнокорејсли воени вежби.

Во досегашните разговори Сеул инсистираше на добивање гаранции од страна на Северот дека нема да се повтори овој вид мерки, што доведоа до прекин на работата на зоната каде има погони на 123 јужнокорески фирми.

Пјонгјанг го повторува претходниот став дека работата на зоната треба да се обнови што е можно побрзо и дека вината за затворањето не е негова.

Денешните разговори беа оддржани во Каесонг, што се наоѓа на околу 10 километри одалечоност од меѓусебната граница на територија на Северна Кореја.

Зоната Каесонг, што остваруваше речиси две милијарди долари приходи секоја година, беше последниот заеднички проект, откако односите меѓу двете Кореи почнаа да се влошуваат во последните пет години. Затворањето, исто така, значеше загуба на приходи во цврста валута за Пјонгјанг и останување без работа на 53.000 работници од Северот.

Сопствениците на јужнокорејските фирми, на кои им се закануваат милионски загуби, на почетокот на месецот се заканија дека ќе се повлечат од зоната во Каесонг, жалејќи се дека станале жртви на политичкото препукување меѓу двата противника.

Пред две недели Пјонгјанг предупреди дека судбината на разговорите за Каесонг ќе влијае врз вкупните односи меѓу двете Кореји.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња