Најмалку две лица загинаа , а 53 се повредени денеска при уривање на три згради во центарот на најголемиот марокански град Казабланка.
Спасувачките екипи со помош на специјално обучени кучиња се обидуваат да пронајдат преживеани и да ги извлечат од под урнатините на станбените објекти.
Зградите се четирикатни и петтокатни, збиени една до друга, а изградени се во текот на 70-тите години од минатиот век.
Уривањето на згради е релативно честа појава во Казабланка, што укажува на проблем со лошата инфраструктура во еден од најнаселените градови во Северна Африка.