Две лица убиени за време на протести во индискиот дел на Кашмир

Од:

Две лица загинаа во индискиот дел на Кашмир, каде трет ден по ред е воведен полициски час по егзекуцијата на еден Kашмирец осуден за напад врз индискиот Парламент.

Мохамед Афзал Гуру, поранешен продавач на оружје, беше обесен во саботата во затвор во Тихар, во близина на Њу Делхи. Гуру беше обвинет за соучесништво во заговор на исламистичките активисти, кои го напднаа Парламентот во Њу Делхи на 13 декември 2001 година, кога загинаа 14 луѓе, меѓу кои и петмината напаѓачи. Тој членувал во забранетата исламистичка група „Џаиш-е-Мохамед“.

По егзекуцијата, властите издадоа наредба луѓето во повеќето реони од индискиот дел на Кашмир да останат во своите домови, поради очекувањата за антииндиски протести. И покрај воведениот полициски час стотици гневни локални жители протестираа против индиските власти и се судрија со полицијата на неколкку десетина места во Кашмир.

Во селото Ватергам најмалку четири луѓе се повредени, од кои еден потешко, откако полицијата употребила солзавец и куршуми за да ги растера демонстрантите. Еден од повредените, 12-годишно момче, почина утрово во болница во Шринагар.

Младо момче загина во селото Сумбал откако скокнал во многу студената река за да им побегне на полицајците, кои употребиле солзавец и палки за да ја растераат толпата.

Во одделни судири повредени се и четворица полицајци.

Егзекуцијата на Гуру и исклучително деликатно прашање во Кашмир, каде повеќето луѓе сметаат дека неговиот процес бил неправеден. Голем број организации за заштита на човековите права во Индија и политички партии во индискиот дел на Кашмир, исто така, ја оспорија праведноста на процесот.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка