Дванаесетгодишно дете пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под лавина

Од:

Едно 12-годишно момче е пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под лавина на француските Алпи.

Лавината го однела детето кое скијало заедно со родителите во планинското одмаралиште Ла План, во областа Савоја. Лавината паднала врз момчето откако тоа излегло надвор од обработената патека за скијање. После 40 минути, тоа било откриено од куче на спасувачите.

– Тоа е чудо, затоа што момчето не носело апарат за сигнализирање за жртви на лавини. Речиси нема шанси за преживување под снег повеќе од 15 минути. Детето имаше голема среќа што кучето го пронајде, изјави претставник на спасувачите.

Момчето, со скршена нога и многу уплашено, било пренесено во болница во Гренобл.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци