Дванаесетчасовен прекин на огнот во Појасот Газа

Од:

Од утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време) во сила стапи 12-часовен прекин на огнот во Појасот Газа меѓу Израел и палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас).

Израелската армија и Хамас доцна синоќа се согласија на предложеното примирје, откако претходно пропадна иницијативата на американскиот државен секретар Џон Кери за подолготраен прекин на огнот.

Армијата на Израел најави дека ќе го почитува 12-часовното примирје, но дека ќе реагира во случај на напад врз нејзини војници или израелски цели и цивили.

Во текот на примирјето денеска во Париз ќе се одржи средба на шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Германија, Италија, Катар, САД, Турција и Франција и на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, со цел да се координираат меѓународните напори за траен прекин на кофликтот меѓу Ирзаел и Хамас.

Непосредно пред почетокот на прекинот на огнот, 18 Палестинци загинаа при израелски тенковски напад врз селото Куза во јужниот дел на Појзаот Газа.

Неколку часа пред тоа пак, беа убиени двајца израелски војници при престрелка со палестински милитанти.

Со ова, бројот на загинати Палестинци од почетокот на конфликтот на 8 јули порасна на 881 лице, а на Израелци на 37.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа