Двајца загинати во судир на возови во Австрија

Од:

Во судир на два воза во текот на ноќта погинаа двајца работници на Австриските железници (ОеББ) и повредени се две лица.

Товарен воз се судрил со таканаречен мерен воз на пругата кон Потендорф. Несреќата се случила во проширениот дел на железничката станица Оберегендорф.

avstrija-sudar-28

Во сударот погинале двајцата работници кои биле во мерниот воз.

Машиновозачот на товарниот воз, според Филип Гутлендерер од итната медицинска помош, останал неповреден, но се наоѓа во состојба на шок.

Прво беше соопштено дека товарниот воз удрил во работент градежен воз, што се користи за транспорт на материјали за изградба и оддржување на пругата.

Меѓутоа, ОеББ соопштија дека станува збор за мерен воз во кој имало четворица работници, од кои двајца погинале, а другите двајца се повредени.

Засега не е позната причината за сударот.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче