Двајца загинати во поплавите во Чешка

Од:

Поројниот дожд, кој го крена нивото на водата на повеќе реки во Чешката Република и поради што на 50 места во земјата е прогласен трет највисок степен на опасност, кој однесе две жртви, јави дописникот на МИА од Прага.

Во местото Требенице, блиску до чешкиот главен град, во викендица која била однесена од надојдена вода починале една жена и еден маж.

Вонредна состојба е прогласена во 50 места во земјата, а околу 100 патни и железнички правци се затворени.

Во центарот на чешката метропола, поради постојаниот пораст на нивото на водата на реката сообраќајот е ограничен, а повеќе метро и трамвајски станици се затворени. Зоолошката градина, која се наоѓа во најзагрозениот дел од поплавите почна со транпортирање на животните на безбедни места.

Во вечерните часови е закажана средба на членовите на владиниот Кризен штаб на кој ќе се разгледува план за распределување на средства од буџетот, како и начинот на кој ќе се распоредува Армијата која веќе помага за расчистување на последиците.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско