Две лица загинаа денеска при престелка меѓу полициска патрола и тројца вооружени напаѓачи во градот Буинакск во руската автономна република Дагестан.
Како што соппшти Информативниот центaр на рускиот Национален антитерористички комитет, до инцидeнтот дошло кога трите вооружени лица отвориле оган врз полициско возило. Полицајците возвратиле на нападот, убивајќи двајца во напаѓачите, додека третиот успеал да побегне.
Како што јави ИТАР-ТАСС, напаѓачите биле припадници на терористичка група која во изминатиот период извршила неколку напади врз полициските сили.