Двајца новинари во Мјанмар осудени поради клевета

Од:

Уредник и негов заменик на весникот „Пост’’ од Јангун денеска се осудени на по два месеци затвор поради наводна клевета на сметка на сегашното, полувоено, раководство на Мјанмар.

Новинарите се осудени по жалбата на претставник на армиското крило во Парламентот на Мјанмар, чија изјава, како што смета тој, била погрешно пренесена во весникот.

Според аналитичарите, оваа пресуда уште повеќе ја влошува сликата на демократијата во Мјанмар. Во оваа држава во која воената хунта во 2.011 година делумно ја пренесе управата и на цивилниот сектор, на затворски казни се осудени 10 новинари, а 19 чекаат судење. Речиси сите обвиненија против новинарите се поради критиките на сегашниот режим. Мјанмар е на 10 место во светот според бројот на осудени новинари.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар