Дуда: Полска сака проширување на НАТО за да не остане на периферијата

Од:

Полска го поддржува проширувањето на Северноатланската алијанса на југ и на исток, бидејќи не сака да остане на периферијата на НАТО, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда.

На Меѓународната конференција за безбедносни прашања ГЛОБСЕК-2017 во Братислава, Дуда посочи дека Полска сака трансатлантската заедница да биде отворена за нови држави.

– Полска сака трансатлантската заедница со учество на нашиот регион да остане отворена за нови држави. Целта на Централна Европа е да биде глас на таквата политика како во однос на Европска унија, така и во однос на НАТО. Во наш интерес е да го направиме тоа, со цел да не останеме засекогаш граничен регион, истакна Дуда.

Тој додаде дека проширувањето на НАТО на исток и на југ ќе значи и проширување на зоната на стабилност.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија