Државна адвокатка од САД: Црквата молчи за 500 свештеници педофили

Од:

Државна адвокатка од американската држава Илиноис, Лиса Мадиган, тврди дека шест бискупии не известиле за сексуални злоставувања на најмалку 500 католички свештеници.

Бискупиите на државата Илиноис објавија листа на која јавно се наведени 185 членови на свештенството, кои докажано злоставувале деца.

Но, Лиса Мадиган тврди дека прелиминарните резултати од истражувањето спроведено од нејзината канцеларија укажува на тоа дека Црквата не ја известила јавноста за уште 500 свештеници обвинети за сексуално злоставување.

-Во многу случаеви Црквата правилно не ги истражила наводите или воопшто не ги процесуирала, велат од Канцеларијата на државната адвокатка и додаваат дека Црквата многу често не ја информирала ниту полицијата ниту социјалната служба за тоа.

-Игнорирајќи или лошо процесуирајќи ги обвинувањата за сексуална злоупотреба, Католичката црква ја изиграла својата морална обврска да им даде точни и јасни информации на жртвите, јавноста и другите свештеници за сите несоодветни однесувања на свештениците од државата Илиноис, вели Лиса Мадиган.

Според истражувањето на Канцеларијата на државната адвокатка, бискупиите на државата Илиноис добиле тужби за сексуално злоставување против 690 членови на свештенството, но јавно изнеле само 185 обвиненија.

Покрај тоа, 75 отсто од обвиненијата воопшто не биле истражени или лошо обработени.

Во изјавата на Надбискупијата во Илиноис, кардиналот Бласе Чупич објасни дека од 2002 година бискупиите ги информираат надлежната служба за сите наводи за злоставување, без оглед на тоа дали свештеникот е жив или не.

Бискупот Томас Папроки објасни дека во минатото, поради морални причини, сите обвинувања за сексуална злоупотреба не биле изнесени во јавност.

-Порано луѓето јавно не расправаа за обвинувањата од ваков вид, вели Папроки во изјавата.

-Поради морални побуди да ги заштитиме верниците од скандали, ние не обезбедивме транспарентност и свесност за она што се случува. Во изминативе 15 години ние директно се соочуваме со таквите обвинувања. Ние учиме на грешките и се обидуваме да ја обезбедиме сета потребна помош за жртвите на сексуална злоупотреба, објасни тој.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски