Државите од Меркосур ќе испратат официјален протест поради инцидентот со авионот на Моралес

Од:

Државите од јужноамериканскиот трговски блок, Меркосур одлучија да ги отповикаат своите амбасадори во Шпанија, Франција, Италија и Португалија заради консултации, јави ДПА.

Бразил, Аргентина, Уругвај и Венецуела планираат да побараат официјално појаснување од четирите европски земји за нивната одлука за затворање на нивниот воздушен простор за време на летот на боливискиот претседател Ево Моралес минатата недела.

Уругвајскиот министер за надворешни работи Луис Алмагро изјави дека четирите држави од Меркосур ќе ги отповикаат своите амбасадори во овие европски земји заради консултации за случајот.

Боливија побара извинување од Шпанија, Италија, Франција и Португалија, за кои се претпоставува дека музабраниле прелет на авионот на Моралес, кој се враќаше од Москва, поради сомневањата дека во него се наоѓа поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, кој од САД е обвинет за шпионажа.

Моралес изјави дека земите од Меркосур би требало да формираат правна комисија, која ќе поднесе тужба против САД за шпионажа во Латинска Америка и други делови во светот.

Тој истакна на самитот на Меркосур во Монтевидео дека земјите од регионот имаат целосно право да се заштитат себе и на меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство