Драстично влошена состојбата на Кралицата Елизабета, семејството итно повикано во замокот во Балморал

Од:

Кралицата Елизабета е под медицински надзор во Балморал откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

„По прегледот утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението, пренесува Би-Би-Си.

Речиси сите членови на поблиското семејство на Кралицата фњќе се пристигнати или се на пат кон замокот во Шкотска каде што таа престојува последниов период. На пат кон Шкотска се и Хари и Меган јавуваат британските медиуми.

Премиерката Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“ од веста.

„Моите мисли и мислите на луѓето низ Обединетото Кралство се со нејзиното височество кралицата и нејзиното семејство“, рече Трас.

Британскиот сервис Би-би-Си ја прекина редовната програма и почна со отворена програма посветена на состојбата на Кралицата.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он