Драстичен пораст на хакерството за шпионски цели

Од:

Хакерството за шпионски цели драстично се зголемува, а граѓаните и владите од Источна Европа имаат се поголема улога во таа активност, покажува едно од најдеталните годишни истражувања за упадите во компјутерските системи.

Четириесет и девет отсто од случаите на шпионски упади, извршени во 2013 година, им се припишуваат на граѓани на Кина и на други источноазиски држави.

Земјите од Источна Европа, особено оние во кои се говори рускиот јазик, учествуваат со 21 отсто во хакерските напади, посочува компанијата „Верајзон комјуникејшн“ во годишниот Извештај за истражување на нападите врз базите на податоци.

Околу 25 отсто од шпионските напади не можат да бидат припишани на хакери од конкретна држава, додаваат авторите на извештајот.

Единасет проценти од нападите им се припишуваат на организирани криминални групи, а 87 отсто на влади.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг