Драма во Варшава: Туск тврди дека Русија планирала атентат врз американски државјанин

Од:

Полската Агенција за внатрешна безбедност, во соработка со полицијата, привела руски државјанин осомничен дека планирал убиство на американско-украински државјанин во име на руските разузнавачки служби, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Туск рече дека осомничениот бил приведен на 7 август.

„Ова е прв случај во кој некој одлучил да изврши атентат врз американски државјанин по наредба на Русија, на територијата на друга земја членка на НАТО, поточно во Варшава, Полска“, изјави Туск.

Полскиот премиер не го откри идентитетот на лицето кое наводно било цел на атентатот, но рече дека станува збор за човек кој е „непогоден од гледна точка на режимот на Путин“.

Туск ја обвини Русија дека води хибридна војна против западноевропските земји кои ја поддржуваат Украина.

„За жал, мораме да поаѓаме од претпоставката дека режимот на Путин ќе се обиде да елиминира луѓе кои од различни причини му се непогодни, во различни делови на светот“, рече тој.

Туск додаде дека полските безбедносни служби се подготвени за слични сценарија во иднина.

„Нашите активности во оваа област ќе бидат исклучително интензивни за да спречиме понатамошни обиди насочени кон граѓани на Полска или на други држави на наша територија“, порача полскиот премиер.

Случајот доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Полска и Русија и предупредувања од европски официјални лица за можни руски саботажи, шпионажа и обиди за дестабилизација.

Туск порача дека Европа мора да биде подготвена за дополнителен притисок и можни обиди за атентати.

Би можело да ве интересира

Бернам: Путин нема да биде поканет на самитот на Г20 во Обединетото Кралство

Пропаѓа ли договрот на Трамп и Путин за дизелот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Ја сакам демократијата“: Туск го слави поразот на републиканците и испрати порака до Трамп

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Поранешен канадски премиер: Путин е интелигентен, манипулативен и навистина злобен човек