Драма во Белорусија: Лукашенко итно е однесен во болница, полиција насекаде во Минск

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е примен во болница во Минск, објавија белоруските „Еврорадио“ и „Белоруски Хајун“. Како што пренесуваат медиумите, колоната која вообичаено го следи Лукашенка пристигнала во болницата синоќа околу 19 часот. За тоа време приодот до болницата бил затворен, а сите околни улици биле под надзор на вооружени чувари, пренесува „Јутарњи лист“.

Лукашенко последен пат се појави во јавноста на 9 мај, кога заедно со рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва. Тогаш сите коментираа дека претседателот на Белорусија изгледа прилично слабо. За разлика од другите лидери кои беа на прославата, Лукашенка мораше да се вози и на кратки растојанија. Поради слабост го пропуштил и официјалниот ручек со Путин.

Ројтерс објави дека Лукашенко изгледал „уморно“ и „нервозно ги тресел нозете“ и дека има видлив завој на десната рака и се чини дека е генерално лошо. Подоцна истиот ден, Лукашенко присуствуваше на прославите на Денот на победата во Минск. Но, тој ја прекина традицијата и наместо воена униформа облече одело и не одржа говор. А во последните две недели присуствуваше на многу малку настани.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Белорускиот претседател го потпиша законот со кој доби доживотен имунитет од кривично гонење

Лукашенко: Украина и Русија се во ќор-сокак, никој не може да ја зајакне позицијата

Катерина Ѓуровски