Дождовите во Чешка се намалуваат, се очекува опаѓање на водостоите на реките

Од:

Според метеоролозите, денеска во Чешка, во областите најмногу погодени од поплавите изминатите денови, врнежите од дожд ќе се намалат и се очекува опаѓање на нивото на реките, јави дописникот на МИА од Прага.

Пораст на водостојот се очекува единствено кај месноста Мелник каде реката Влтава се влева во Елба и населението се подготвува за евентуална евакуација.

Во центарот на главниот град, каде е затворено метрото и каде реката Влтава достигна проток од 3.210 кубни метри во секундан, се очекува нивото на реката драстично да се зголемува.

Метеоролозите предвидуваат, врнежите од дожд од централниот дел да се преселат во југоисточниот дел на земјата, каде е во сила прв степен на опасност од поплави.

Во земјата, од неделата е прогласена вонредна состојба и трет, највисок степен на опасност од поплави во над 40 области. Во отстранувањето и намалувањето на последиците на надојдената вода во целата земја учествуваат 2.300 војници, 350 полицајци, како и 15.000 професионални пожарникари и доброволци.

Во кризните подрачја загинаа седум лица, а над 8.000 луѓе се евакуирани. Штетите од поплавите се уште не се пресметани, но според осигурителните компании, се очекува неколку десетици илјади клиенти да пријават штета од повеќе милиони евра.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско