„Доставувачи на пица“ уапсија италијански мафијаш додека гледал фудбал

Од:

„Кумот“ на една мафијашка група од јужна Италија бил уапсен од доставувачи на пица, објавија италијанските медиуми.

Оваа навидум чудна информација, набрзо ја објасни италијанската полиција, прецизирајќи дека „доставувачите на пица“ всушност биле маскирани детективи.

Детективите на куќната адреса на Роберто Мангањело (35), лидер на една од групите на познатата неаполска мафија Камора, доставиле пица и пијалак и го упасиле „кумот“ додека мирно го следел фудбалскиот натпревар меѓу Наполи и Интер.

Мангањело, кој важаше за „еден од 100-те најопасни криминалци во Италија“, беше во бекство од 2013 година, кога по него беше објавен налог за апсење поради сомнеж дека е одговорен за двојно убиство во 2004 година, што предизвика крвави судири меѓу мафијашите во Неапол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим