Летонскиот претседател Андрис Берзинш и наложи денеска мандат за составување на нова владата на Лаимдота Страјума, која е премиер на досегашната Влада на земјата, јави ТАСС.
Парламентот, кој беше избран на изборите на 4 октомври, денеска почна со работа во новиот состав.
И покрај тоа што денеска истекува рокот на надлежностите на досегашната Влада, таа ќе остане да работи, додека пратениците не го утврдат составот на новиот кабинет. Тоа може да се случи утре, додава ТАСС.