Досега идентификувани 103 жртви од нападите во Париз

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека се идентификувани телата на 103 жртви на терористичките напади во париз и дека уште 20 до 30 чекаат на идентификација.

– Тоа ќе биде направено во слендите неколку часови, потврди Валс пред Воената школа, каде е поставен центар за семејствата на жртвите.

Според последниот биланс, во нападите од петок навечер загинаа најмалку 129 лица.

– Тоа не се анонимни жртви. Тоа се животи на млади луѓе, кои биле цел на напад додека мирно ја минувале ноќта во кафуле или на концерт, истакна францускиот премиер.

Тој на семејствата на жртвите им рече дека нема таков психолог, волонтер или лекар кој може да им пружи утеха.

– Но мораме да им помогнеме во постапката со идентификација, да ги испратиме…со сите административни обврски, порача Валс.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна