Долниот дом на полскиот Парламент ги изгласа промените на законот за Врховниот суд

Од:

Долниот дом на полскиот Парламент го усвои законот за промена на начинот на избор на членовите на Врховниот суд. Според критичарите на законскиот текст, со овие промени се наштетува на независноста на судството.

Законот беше изгласан со 239 гласа „за“, 171 „против“ и 24 воздржани, а се очекува во долниот дом, Сејмот да се гласа и за предлог-закон со кој што ќе се менува начинот на номинирање на судиите.

Со новите измени се намалува возраста за пензионирање на судиите во Врховниот суд што ќе доведе до заминување во пензија на десетици судии, освен ако не се направат индивидуални исклучоци.

Венецијанската комисија, група од правници при Советот на Европа, ги окарактеризира промените како „сериозна закана” за независноста на полското правосудство.

Законот се очекува да биде одобрен и од Сенатот, каде што владејачката партија Право и правда го има потребното мнозинство, а на крај законот треба да биде потпишан и од претседателот.

Судската реформа, која во јули на одобрија двата дома на Парламентот доведоа до масовни протести, на кои учествуваа над 100 илјади лица. Тогаш претседателот Анджеј Дуда стави вето на два од законите и понуди своја верзија на реформата. Опозицијата побара да биде одбиени верзиите на Дуда, но во ноември Сејмот го отфрли тоа барање и владеачкото мнозинство изгалса да продолжи работата по предлог-законите на претседателот.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата