Долниот дом на бразилскиот Конгрес се изјасни за импичмент на Русеф

Од:

Долниот дом на бразилскиот Конгрес доцна синоќа ја поддржа иницијативата за импичмент на претседателката на државата Дилма Русеф.

„За“ иницијативата за импичмент на Русеф се изјаснија 367 пратеници, 137 беа „против“, а седуммина се воздржаа од гласање. За усвојување на предлогот беше потребно тој да добие поддршка од најмалку 242 пратеници.

Како што јави ТАСС, целиот процес на гласање траеше речиси шест часа, бидјаќи сите членови на Парламентот гласаа поединечно, јавно на собраниксата говорница објавувајќи ја својата одлука.

Но, дел од нив не се придржуваа на процедурата само да го кажат својот глас, туку држеа говори, користејќи го фактот дека седницата беше дирекно пренесувана на телевизија, да се докажат пред гласачите.

Постапката за отповикувањето започна со настапи на пратениците од владејачката Работничка партија и на опозицијата. Владеачките пратеници во своите излагања бараа од членовите на Конгресот да покажат „демократска совест“, додека оние кои се залагаат за имичмент, бараат од сите да се определат за, како што велат, интересите на земјата, посочувајќи дека на Бразил му е потребна „морална обнова“.

По ваквата одлука на долниот парламентарен дом, бразилската Влада изрази надеж дека горниот дом, Сенатот ќе ја отфрли иницијативата за импичмент, со што целата постапка би пропаднала.

– Ова гласање претставува пораз за бразилската демократија и тоа е оркестрирано од противниците на Русеф, кои никкао неможат да се помират со нејзиниот реизбор во 2014 година, изјави шефот на кабинетот на бразилската претседателка, Жакис Вагнер.

Додека во Конгресот треаше изјаснувањето на пратениците стотици илјади Бразилци, приврзаници и противници на претседателката Русеф, излегоа на улиците во градовите низ земјата, на собире за нејзина поддршка или протести против неа.

Според бразилските медиуми, повеќе од 25 илјади луѓе се собрале во Бразилија, пред зградата на Конгресот, за да и дадат подршка на Русеф или за да побараат од пратениците да гласаат за нејзиното отповикување. Од безбедносни причини, тие беа разделени меѓу себе со две метри висока метална отграда која е долга еден километар.

Русеф е обвинета за злоупотреба на податоците за вкупниот долг на државата и за манипулирање со податоците за политички потреби. Русеф ги отфрла обвинувањата и тврди дека нејзните политички противници и опозицијата спроведуваат „пуч“ против демократијата во Бразил.

Одлуката на сенаторите е конечна, па ако и во Горниот дом мнозинството членови го подржи решението на пратениците, Русеф трајно ќе ја напушти претседателската функција, а нејзиниот мандат до крајот на декември 2018 година, како претседател ќе го заврши сегашниот потпретседател Мишел Темер.

Аналиитчарите во Бразилија забележуваат дека некогаш популарната Русеф (68), сега важи за еден од најнепопуларните политички лидер во земја, која се соочува со длабока економска криза и која е потресена од големата корупциса афера во државната нафтена компанија „Петробрас“

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он