„Дојче Веле“: Кристијан Керн нов австриски канцелар

Од:

Првиот човек на австриските железници ОББ, Кристијан Керн најверојатно ќе биде идниот канцелар на Австрија, објави денеска „Дојче Веле“.

Се очекува Керн во вторник да биде избран за нов лидер на владејачката Социјалдемократска партија на Австрија (СПО), со што потоа би ја преземал и канцеларската функција.

Извори во партијата за Дојче Веле изјавиле дека се очекува 50-годишниот Керн „во блиска иднина“ да ја преземе должноста австриски канцелар, но дека засега не е утврден конкретен датум за тоа.
Досегашниот австриски канцелар и лидер на СПО, Вернер Фајман на 9 мај поднесе оставки на сите функции, со образложение дека се решил на таков потег затоа што ја загубил подршката во редовите на неговата партија.

Оставката на Фајман уследи откако канидатот за австриски претседател на СПО, Рудолф Хунсторфер на изборите на 24 април го освои четвртото место со 11,3 отсто од гласовите и не успеа да се пласира во вториот круг.

По оставката на Фајман се шпекулираше со можноста за одржување предвремени парламентарни избори, но в.д. канцеларот Рајнхолд Митерленер во втроникот ја отфрли таквата можност.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче