Договорот со Иран ги подобрува односите меѓу Кина и САД

Од:

Рамковниот договор за иранската нуклеарна програма постигнат оваа недела позитивно ќе влијае на кинеско-американските односи, изјави министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери.

За постигнувањето на договорот заслужни се сите држави што ја искористија историската можност со заеднички напори, нагласи Ванг во разговорот со Кери, објави кинеското министерство.

– Кина и САД, заедно преземаа одговорност за зачувување на меѓународниот систем на неширење на нуклеарно оружје, задржаа добри контакти во текот на преговорите, а во билатералните односи внесоа позитивна енергија, се истакнува во соопштението.

Со цел постигнување на сеопфатен договор со Иран како што е предвидено, Кина ќе задржи тесни односи со сите заинтересирани страни, вклучително САД, и ќе продолжи да игра конструктивна улога во процесот, изјави Ванг.

Во соопштението се наведува дека Кери истакнал дека САД го ценат значењето и конструктивната улога на Кина во најновиот круг резговори за иранската нуклеарна програма.

Според договорот постигнат во Лозана на 2 април, Техеран прифаќа да го намали бројот на центрифуги на 6.000, од сегашните 19.000, пишуваат иранските медиуми. Договорот треба да биде на сила во следните десет години.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција