Доброволни патроли ја обезбедуваат турско-сириската граница

Од:

Доброволни патроли ја обезбедуваат турско-сириската граница со цел да не им дозволат на џихадистите од групата Исламска држава (ИД) да преминуваат преку неа на пат кон сирискиот курдски град Кобане.

Стотици доброволци, главно турски Курди, пристигнале од села и градови во југоисточниот дел на Турција, дури и од Истанбул, за да обезбедат контрола на границата.

– Не им веруваме на турските граничари, бидејќи сме виделе многу случаи кога турската Влада им овозможувала премин на борци на ИД, на оружје и логистичка помош преку границата, изјави Ибрахим Биниџи, курдски пратеник од Демократската партија на народите, која од септември апелира за доброволците.

Околу 10.000 лица се одзвале на првичниот повик и биле распоредени во 10 села.

Турција има 900 километри долга граница со Сирија, што ја прави исклучително привлечна како пункт за влез на борците. Анкара презема меркиза да го спречи ова.

Од октомври минатата година, според владин претставник, 2.000 лица биле сослушани, 1.400 депортирани, а на над 7.000 не им било дозволено да влезат во Турција.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски