Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.378,854 лица. Од нив починале 741.631, а оздравеле 13.280,356.

-Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19. Националната организација за јавно здравје соопшти 196 случаи, од кои 20 се од направените тестови на влезните точки во земјата, а од коронавирусот почина едно лице. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 5.942 лица, а починаа 214 лица.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти за 25 нови случаи на Ковид-19 од 4.024 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.277 лица. По подолго време на Кипар е регистриран и смртен случај од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, починаа 27 лица позитивни на коронавирусот, а кај 20 од нив Ковид-19 бил причината за смртта.

– Во Индија потврдени се 53.601 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени е речиси 2,3 милиони, според податоците на индиското Министерство за здравство. Од коронавирусот починаа уште 871 лице, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи достигна 45.257.

– Властите во Бутан денеска воведоа итни мерки за изолација по првпат поради епидемијата на коронавирусот, откако еден повратник во земјата бил позитивен по напуштањето на карантинот. Со последниот случај, има 113 потврдени случаи на инфекција во ова мало хималајско кралство со 750 илјади жители, а сè уште не е евидентиран бројот на смртни случаи од Ковид-19.

„Бараме сите граѓани да останат во своите домови и на тој начин да се заштитат себе си и своите најблиски од болести“, се вели во соопштението на владата на Бутан. Владата нареди затворање на училишта, продавници, канцеларии …

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 966 – на 217.229, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох“. Уште четири лица починале од коронавирусот, а вкупно 9.201 лица починале од почетокот на пандемијата.

– Во Боливија се потврдени уште 1.636 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 91.635, соопшти Министерството за здравство. Уште 72 пациенти починале од коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи е над 3.700.

– Уште 705 луѓе починаа од коронавирус во Мексико, а потврдени се и 5.58 нови случаи на инфекција. Вкупниот број на заразени достигна 485.836 лица. Мексико, со над 53 илјади смртни случаи, се најде на третото место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус, по Бразил и САД и е на шестото место во светот по бројот на заразени.

– Во Косово вчера се регистрирани 13 починати, 171 новозаболен и 190 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните случаи, вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 10.590. Од нив починале 354 заразени, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 6.248. Активни носители на вирусот во земјата се 3.988 лица. Вчера се извршени 463, а од почетокот на пандемијата, вкупно 41.615 тестирања. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, на клиниките на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и во седум регионални болници се третираат 628 пациенти за кои постои сомневање дека се заразени од Ковид-19, а кај 440 од нив болеста е потврдена. Од хоспитализираните, 41 се во тешка здравствена состојба. Од нив 14 се поврзани на респиратори и 27 со маски ЦПАП, објавија косовските здравствени власти.

– Јапонското Министерство за здравство објави дека во таа земја се потврдени 842 нови случаи на Ковид-19 и ова е првпат во последните 13 дена бројот на заразени за 24 часа да е помалку од илјада. Во главниот град на Јапонија, Токио, потврдени се 196 нови случаи на инфекција, што е првпат во последните две недели бројот на новозаразени да биде помал од 200, пренесува Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

ЕЦТАА: На ЕУ и треба координирани ограничувања и тестирања, а не карантин

Ана Ололовска

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Ана Ололовска

Речиси 45 000 казни во Франција за непочитување на носењето маска од мај досега

Ана Ололовска

ЕУ постигна договор за купување вакцина од „Санофи“ и од „ГСК“

Ана Ололовска

Неколку јужноамерикански земји бараат повеќе време за „Ковакс“

Ана Ололовска

Поранешна советничка на Пенс тврди дека Трамп воопшто не се грижел за пандемијата

Ана Ололовска