Дмитриев: По Гренланд, дали Канада е следна?

Од:

Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за странски инвестиции и економска соработка, изјави дека по евентуалниот договор за Гренланд, Вашингтон би можел да склучи нов договор со Канада.

„Канада е следна?“ напиша Дмитриев на социјалната мрежа „X“.

Дмитриев реагираше на објавувањето oд Белата куќа за оперативни комуникации, која објави видео во кое американскиот претседател Доналд Трамп го најавува претстојното објавување на договорот за Гренланд.

„Договорот ќе биде објавен наскоро. Ќе видиме. Моментално е во фаза на развој, но веќе напредува доста далеку“, рече шефот на Белата куќа.

Во меѓувреме, весникот „Глоуб енд Меил“ објави дека Канада ја разгледува можноста за испраќање свои трупи во Гренланд.

Во светлината на изјавите на Трамп за неговата намера да го анектира Гренланд, „Волстрит џурнал“ објави за загриженоста во Канада за сопствениот суверенитет. Отава верува дека таков ризик би можел да постои ако Гренланд стане дел од Соединетите Американски Држави.

Неименуван канадски пратеник изјави за весникот дека постои „не-нулта“ веројатност суверенитетот на Канада да биде оспорен во такво сценарио.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Преговорите меѓу Европа и Русија се неизбежни

Дмитриев: Западот затвора очи пред корупцијата во Киев

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Премиерот на Канада: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредок

А1он

Дмитриев: Американските царини за автомобили се фатален удар за индустријата на ЕУ

Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја