Џон Мејџор: Референдум за истапување на ЕУ претставува коцкање со Велика Британија

Од:

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор оцени дека одржувањето референдум за истапување на Европската унија би претставувало „коцкање“ со Велика Британија.

Зборувајќи на предавање во институтот „Чатам Хауз“, Мејџор  рече дека не е поддржувач на референдумско изјаснување во услови на развиена демократија каква што е британската, предупредувајќи дека изјаснување на гласачите околу иднината на британско-европските односи, за тоа дали земјата треба да остане во ЕУ или да ја напушти, може да биде погубно за владејачката Конзервативна партија.

Мејџор, сепак, смета дека Велика Британија треба темелно да се подготви и да почне преговори со Брисел на кои ќе ги соопшти и ќе ги брани сопствените предлози и барања за иднината на меѓусебните однсои.

– Британските односи со ЕУ ги имаат затруено британските политичари. Премногу долго се одвлекува вниманието на Парламентот во Лондон од другите прашања, а може и да ја растури Конзервативната партија, оценува Мејџор, кој смета дека сега е време тоа прашање да се разреши.

Овој британски политичар го охрабрува актуелниот премиер Дејвид Камерон да се зафати со процесот за нови преговори околу идните однсои на земјата со ЕУ, без разлика што ќе има противници на преговорите, како што има ториевци и партиски активисти кои заговараат напуштање на Унијата.

Мејџор е против истапувањето од на ЕУ и тврди дека тоа е „премногу против историјата“. Според поранешниот премиер, Велика Британија не би смеела да си дозволи да остане помалку релевантен фактор, како мала во однос на големите  економии со забрзан раст како Кина, Индија, Русија, Индонезија или Турција, кога може да биде „водечки глас“ во блок од 500 милиони луѓе, како што е ЕУ.

Џон Мејџор седум години беше лидер на ториевците и британски премиер. На функцијата дојде по партискиот пуч со кој од овие функции беше сменета Маргарет Тачер, но претрпе тежок пораз на изборите во 1997 година од лабуристите предводени од Тони Блер.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија