Џоли ги слушна „ужасните“ приказни на сириските бегалци

Од:

Специјалниот претставник на ОН за бегалци, актерката Анџелина Џоли денеска го посети кампот „Затари“ каде што во моментот престојуваат околу 27.000 сириски бегалци, иселени поради 18 месечниот конфликт во Сирија.

Таа пристигна рано утрово и со солзи во очите, по посетата за новинарите изјави дека слушнала многу тажни и ужасни искуства од луѓето кои го напуштиле својот дом и нашле засолниште од другата страна на границата, во Јордан.

„Многу сум загрижена, и не само јас, целиот свет е загрижен“, рече таа и додаде „Што да им одговорам на Сиријците кога ме прашуваат зошто никој во светот не е во состојба да најде решение“.

Посебно е вознемирувачки, според неа, што најневините суштества, децата, исто така се дел од целата ситуација.

„Сиријците прашуваат кој е на нивна страна? Кој ќе им помогне додека времето минува?“, го потенцираше таа проблемот кој и го поставиле самите бегалци.

Џоли имаше посебна средба и со жените бегалци, а направи обиколка на целиот камп и шаторите заедноо со Антонио Гутереш, шефот на одделението за бегалци на ОН и јорданскиот министер за надворешни работи Насер Јудех.

УНХЦР во април ја промоваше Анџелина Џоли како амбасадор на добра волја поради нејзината извонредна работа за агенцијата.

Таа за време на својата посета на регионот досега ги посети и сириските бегалци кои свое прибежиште најдоа во Либан, Турција и Ирак.

Според Гутереш, целта на оваа посета е да се привлече вниманието на Меѓународната заедница од која се очекува да ја покаже својата хуманост и солидарност.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск