Диригентот на Виенската опера колабира за време на претстава

Од:

Генералниот музички директор на Виенската опера, Франц Велцер-Мест колабира на диригентскиот пулт, што беше последица на болките што ги имал поради приклештување на нерв.

Во текот на операта “Парсивал”, во неделата вечер, Велцер-Мест колабирал на диригентскиот пулт, соопшти операта преку Фејсбук.

Велцер-Мест, кој е главен диригент на американскиот оркестар во Кливленд, беше префрлен во болница, каде што во текот на ноќта бил пуштен дома, со задолжителна физиотерапија.

Откако Велцер-Мест колабирал, диригирањето до крајот на претставата го презеде солокорепетиторот Џејм Пирсон.

Велцер-Мест веќе утре требаше повторно да диригира, но ќе остане на домашна нега, а неговото место привремено ќе го заземе директорот на операта од Линц Денис Расел Дејвис.

Велцер-Мест во изминатите пет дена диригираше дури четири претстави, а само операта “Парсивал” трае четири и пол часа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче