Директорот на СЗО го нарече вирусот – „непријател на човештвото“

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, го нарече новиот коронавирус „непријател на човештвото“, откако повеќе од 8.000 луѓе починаа во светот од неговата појава во декември.

– Коронавирусот е невидена закана. Но, тоа е исто така невидена можност за нас да се обединиме против заедничкиот непријател, непријателот на човештвото, рече Тедрос Аданом Гебрејесус за време на виртуелна прес-конференција.

– СЗО има информации за повеќе од 200.000 случаи и повеќе од 8.000 луѓе ги загубија своите животи, вклучувајќи едно дете, рече тој, истакнувајќи дека повеќе од 80 проценти од случаите се пријавени во Европа и Западен Пацифик.

Шефот на СЗО повторно побара од целата меѓународна заедница да се мобилизира и предупреди дека „Африка, неговиот континент мора да се разбуди“.

Светските санитарни власти ја повикаа Африка да се „разбуди“ пред заканата од новиот коронавирус и истакнаа дека континентот мора да се подготви за „најлошото“.

– Најдобар совет за Африка е уште денеска да се подготви за најлошото, рече тој.

СЗО ја прогласи за епидемијата на Ковид-19 за – пандемија на 11 март, поради што многу земји преземаат итни мерки.

Тедрос објасни дека СЗО секогаш препорачува откривање на сомнителни случаи и нивна изолација и истакна дека мерките за социјално дистанцирање не биле доволни.

– Физичките отстранувања како што се откажување од спортски, културни и други големи собири можат да помогнат во забавување на преносот на вирусот, да се намали товарот на здравствениот систем и да се придонесе за управување со епидемии, но за да се контролираат и да се стави крај на нив, земјите мора да ги тестираат, изолираат и следат заразените контакти, прецизира тој

– Ако не го сторат тоа, синџирот на пренесување ќе продолжи да постои и ќе изникне кога ќе бидат укинати мерките за физичко оддалечување, предупреди шефот на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа