Директор пет дена е заложник на работниците

Од:

Американецот Чип Старнс, директор на фабрика за медицинска опрема во Кина изјави дека петти ден е заложник на вработените, кои бараат исплата на отпремнина, како што добија 30 нивни колеги во неодамна затвореното одделение за пластика.

Старнс тврди дека кинески претставници во саботата ја посетиле фабриката во предградие на Пекинг и барале од него да потпише дека ќе ги исполни барањата на работниците за отпремнина.

Директорот, спротивно на гласините, тврди дека 100 вработени нема да бидат отпуштени.

Работниците денеска чекаат исплата. Околу 80 работници ги блокираат сите излези од фабриката и 24 часа дневно не му даваат да заспие, така што неговата канцеларија ја осветлуваат со силно светло и тропаат по прозорците.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он