Дипломатски скандал: Словенечки амбасадор во НАТО – шпион на Путин?

Од:

Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека нема вистина во тврдењата дека словенечкиот амбасадор во НАТО, Андреј Бенедејчиќ е осомничен за „шпионажа во корист на Русија“, како што тоа го објави неделникот „Репортер“, кој што е близок на поранешниот премиер Јанез Јанша.

-Од разговорот кој го направиваме со Бенедејчиќ, произлегува дека станува збор за гласини без факти-објави министерството, кое поради пишувањето на „Репортер“, го повлече амбасадорот на консултации, потенцирајќи дека споменатите наводи ги истражува „со најголемо внимание“.

Споменатиот неделник, кој се повика на неименувани извори од седиштето на НАТО, тврди дека Бенедејчиќ, кој што порано беше словенечки амбасадор во Москва е проруски расположен, што е особно чувствително во време кога ескалира напнатоста помеѓу ЕУ и Руската Федерација и дека Полска барала да се истражи дали тој „шпионира“ во корист на Русија.

Од пишувањето на „Репортер“ се огради и полската амбасада во Љубљана, наведувајќи дека за тоа ништо не знае освен од медиумите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија