Дипломатски притисок од САД, ЕУ и Австралија врз режимот во Мјанмар

Од:

Со заедничка дипломатска нота потпишана од амбасадорите на САД, Австралија и Европската Унија, предадена денеска во Јангун, овие држави кои се потпишаа како донатори и пријатели на Мјанмар побараа од сегашниот претседател Тиен Сиен да обезбеди фер и слободни избори и поголема демократизација на државата.

Нотата е врачена еден ден по средбата на претседателот на Мјанмар со лидерот на опозицијата Аунг Сан Су Ќи, една од ретките средби на сегашниот државен врв со познатата противничка на сегашниот режим контролиран од армијата. Ни Аунг Сан, ниту кабинетот на председателот Тиен Сиен не сакаа да соопштат за што разговарале и дали нешто се договориле за надминување на кризата.

Иборите во Мјанмар се закажани за ноември годинава, а под притсок на меѓународната заедница сегашните власти направија повеќе измени во изборниот закон кои, како уставни промени, треба да бидат прифатени на референдум, закажан за мај годинава.

Аналитичарите потсетуваат дека Мјанмар, порано Бурма, за време на 49 годишната воена диктатура стана една од најнеразвиените држави во Азија. Често споредувана со Албанија од времето на Енвер Хоџа, ова држава ја укина воената држава во 2.010 година, но армијата и натаму ја задржа клучната позиција во политиката, со право на вето на одлуки во парламентот од страна на пратениците делегирани од армијата.

Мјанмар го потресуваат и вооружени судири на армијата со деветнаесет различни племиња кои бараат автономија, а некои и отцепување од сегашната држава. Политичката состојба од јануари наваму ја усложнуваат и студентските протести, а во индустриските зони на странските инвеститори штрајковите на работниците станаа секојдневна појава.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар