Дипломати: СЗО ќе апелира за собирање милијарда долари

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) се подготвува наскоро да објави апел за да собере повеќе од една милијарда долари за финансирање на операции против пандемијата на Ковид-19 до крајот на годинава, изјавија неименувани дипломати за некои светски агенции.

Апелот доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше СЗО поради начинот на справување со пандемијата на Ковид-19 и сугестијата дека неговата администрација може да го преиспита американското финансирање.

На агенцијата на Обединетите нации и се потребни повеќе ресурси од кога било со цел глобално да одговори на болеста која зарази повеќе од 1,5 милиони и усмрти околу 90.000 луѓе, велат дипломати и експерти.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во својот говор за дипломатите што го објави СЗО, рече дека ќе го објави најновиот план во наредните денови.

Тој ќе следува после апелот на СЗО упатен во првите три месеци во износ од 675 милиони до април.

– Тоа ќе биде повеќе од една милијарда долари, можеби неколку милијарди, рече еден западен дипломат, додека друг рекол дека ќе апелира да се обезбеди најмалку една милијарда долари.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа