Диносаурусите изумреле од комета?

Од:

Пред 65 милиони години, удар на небеско тело ја уништи тогашната популација на Земјата, меѓу која и диносаурусите.

Ова е заклучок на истражувањето кое наведува дека кратерот Чиксулуб во Мексико, широк 180 км, бил направен од помал објект отколку што претходно се мислеше.

Многу научници сметаат дека поголем астероид кој побавно се движел, најверојатно, е главниот виновник за тоа. Деталите беа изнесени на 44. лунарна и планетарна научна конференција. Но, други истражувачи беа многу внимателни во однос на резултатите. „Главна цел на нашиот проект е подобро да се опише она што влијаело за да се направи кратер на полуостровот Јукатан (во Мексико)“, изјави Џејсон Мур од колеџот Дартмут во Њу Хемпшир, за Би-Би-Си њуз.

Вселенската карпа довела до појава на глобален слој на талози збогатени со хемискиот елемент иридиум, во многу поголеми концентрации отколку што природно се појавуваат; тоа мора да дошло од вселената.

Меѓутоа, во првиот дел од нивната работа, тимот сугерира дека честопати наведуваните вредности на иридиум се неточни. Правејќи споредба со други вонземни елементи наталожени во судирот – осмиум – тие беа во можност да изведат заклучок дека судирот наталожил помалку остатоци отколку што претходно се претпоставуваше.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ