Дилма Русеф нема намера да се повлече од власта, без разлика на обидите за нејзин импичмент

Од:

Бразилската претседателка Дилма Русеф нема намера да се повлече од власта и покрај обидите за нејзин импичмент, изјави таа во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, цитирана од ТАСС.

Во Бразил, како и во САД, не треба да се бара импичмент само заради ниската популарност на претседателот, бидејќи популарноста циклично се менува, изјави Русеф.

Таа забележа дека доколку ова се случуваше во европските држави нивните лидери ќе си имаа сериозни проблеми.

Ако беше поинаку сите претседатели, сите премиери во Европа, кои се судруваат со тоа што невработеноста достигнала 20 проценти, неизбежно ќе беа принудени да се повлечат со импичмент, бидејќи нивната популарност значително е опадната, појасни таа.

Одговарајќи на прашањето дали ќе остане на претседателската функција и покрај обидите за нејзино отстранување, Русеф одговори дека ќе се бори не за едноставно останување на функцијата, туку за да опстои демократскиот  принцип на кој се темели политичкиот живот во Бразил.

Претседателката подвлече дека многу од политичарите, кои го бараат нејзиниот импичмент, биле обвинети за корупција.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он