Дијаспората од Мјанмар веќе гласа, но голем број пропусти ќе го одложат прогласувањето на резултатите од изборит

Од:

Властите во Мјанмар, поранешната Бурма, денеска соопштија дека поради голем број неправилности при гласањето на дијаспората ќе има одложување на соопштувањето на дефинитивните резултати од општите избори, закажани за 8 ноември. Најмногу неправилности при гласањето, одржано минатиот петок имало во амбасадите на Мјанмар во Сингапур, Сеул и Токио. Дури и амбасадите грешеле, така што наместо во Јангун, гласачкиот материјал од Токио бил испратен во Каиро.

Право да гласаат, според комплицираните изборни правила, добиле само 30 илјади од над милион жители на Мјанмар кои имаат легални документи за престој во странство.

Во првите реакции на неправилностите, опозицијата оцени дека од армијата контролираниот режим на Мјанмар намерно ги испровоцирал грешките. Тоа, според опозицијата, која има големи изгледи да победи, сегашните власти го прават за да си обезбедат време и за евентуални манипулации со изборните резултати во државата.

Изборите, закажани за 8 ноември, треба да бидат првото демократско изјаснување во Мјанмар по 50 годишното владеење на армијата. Делумно слободните избори од пред пет години, резултираа со парламентарна победа на Унијата за солидарност и развој, на чија страна беа и 80 пратеници делегирани од армијата.

Лидерот на опозицијата Аунг Сан Су Ќи минатиот месец го одби предлогот на претседателот Теин Сеин изборите да се одложат во подрачјата што во септември беа погодени од големи поплави. Предлогот за одлагање Аунг Сан го оцени како обид да се купи време за манипулации со изборните резултати, а на тоа ја наведуваат и неправилностите на гласањето на дијаспората.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар