Девојка во Аргентина била девет години чувана во гаража само на леб и вода

Од:

Една 15-годишна девојка во Аргентина е откриена затворена девет години во гаража, каде била измачувана, изгладнувана и тепана од брачна двојка која ја посвоила.

Во соопштението на аргентинската полиција се вели дека девојката тежи само 20 килограми, затоа што во текот на своето заробеништво во гаражата била хранета само со леб и вода.

Единственото друштво на несреќната тинејџерка и биле едно куче и едно мајмунче. Секогаш кога девојката ќе се обидела да ги јаде остатоците од храната што мажот и жената им ги оставале на своите домашни миленичиња, била претепувана со ремен.

Полицијата соопшти дека измачената и изгледнета девојка е префрлена во болница, а нејзните посвоители се уапсени и обвинети за држење роб во својата куќа, како и за спроведување насилство.

Во текот на девете години поминати во гаражата, девојката само два пати била пуштена да излезе од „затворот“ во кој била ставена.

Девојката е откриена во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, од една од нејзините биолошки сестри, која се обидувала да воспостави контакт со неа. Кога ја открила веднаш ја алармирала полицијата која останала вчудоневидена од она што го откриле во домот на посвоителите.

Оваа брачна двојка го зела девојчето во 2001 година, кога девојчето имало само три години, откако еден аргентински суд одлучил детето да им се одземе на родителите и да се даде на чување во друго семејство, затоа што биолошките татко и мајка кои имале седум деца немале материјални можности да го чуваат и да го издржуваат и своето осмо дете.

На почетокот, двете семејства одржувале контакт, па вистински родители на девојчето знаеле каде е и како е нивното дете, но по 2005 година, тие ја загубила трагата на својата ќерка.

Полицијата засега не знае како и зошто се прекинале врските на двете семејства.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски