Девојче се задави со појас во училиштен автобус, надзорничката гледала во мобилниот

Од:

Девојче од Њу Џерси се задави со појас во училиштен автобус. Од полицијата велат дека таа се борела за живот, а лицето кое било задолжено да ги надгледува децата цели 18 минути не било свесно што се случува бидејќи гледала во мобилниот телефон и имала слушалки во ушите.

Надзорното видео покажа дека никој не обрнува внимание на Фајр Атија Вилијамс (6) додека се вози во задниот дел од училишниот автобус на 17 јули. На девојчето со посебни потреби, која имала и проблеми со говорот, појасот и го стегнал вратот кога автобусот удрил во неколку нерамнини во 8.44 часот.

„Во 8.46 часот појасот уште повеќе се стегнал, а може да се види дека девојчето се бори за живот и мафта со рацете, а со нозете удира на подот на автобусот“, се наведува во обвинението.

Надзорникот, Аманда Давила (27), сфатила дека нешто не е во ред дури кога автобусот пристигнал во основното училиште Клермонт во 9.02 часот, околу 14 минути откако Фајр се онесвестила и 18 минути откако почнала да ја го стега ременот.

Потоа Давила го откопчала појасот и ја повикала наставничката, која во 9.04 часот изјавила дека не е сигурна дали девојчето дише. Потоа повикале дополнителен персонал и почнале со реанимација. Малата Фајр била пренесена во локална болница каде останала на интензивна нега и починала два дена подоцна.

Давила седела директно зад возачот и на видеото може да се види како гледа во мобилниот телефон додека последниот студент не се качил во автобусот. Таа е обвинета за убиство од небрежност и загрозување на животот на дете. Таа моментално е во притвор во округот Сомерсет.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски