Деветмината кандидати за наследник на Бан одговорија на 800 прашања

Од:

Деветмината кандидати за нов генерален секретар на ОН во изминатите три дена одговорија на околу 800 прашања поставени од страна на амбасадорите и заинтересираните групи, во првиот обид во 70-годишната историја на Светската орагнизација, изборот на нејзиниот прв човек да биде отворен за јавноста.

Претседателот на Генералното собрание, Могенс Ликетофт, кој претседаваше со седницата на која беа поставувани прашањата, рече дека е „многу инспириран“ со тоа што, покрај претставниците на речиси сите 193 држави членки на ОН, заседанието преку интерент го следеле и околу 227.000 луѓе од 209 земји и територии.

– Тоа е веќе новина. Воспоставивме нови стандарди на транспарентност и инклузивност при изборот на генерален секретар, изјави Ликетофт.

Шефот на ОН го избира Генералното собрание по препорака од 15-члениот Совет за безбедност.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска