Деветмина загинати во нападот во училиштето во Кина

Од:

Бројот на загинати во нападот со нож што вчера беше извршен во средно училиште во северна Кина денеска е зголемен на девет.

Вчера медиумите јавуваа за седум загинати и 12 повредени, кои се хоспитализирани.

Нападот го извршил поранешен ученик во училиштето во покраината Шанси на север во државата, кој сакал да се одмазди поради тоа што претходно други деца го малтретирале.

Полицијата го уапси 28-годишниот напаѓач.

Германската агенција ДПА и британски медиуми јавија дека нападот се случил во близина на училиште додека други агенции и медиуми јавија дека се случил во училиштето.

Во јануари 2017 година маж со нож рани 11 деца во градинка во кинескиот автономен регион Гуанжи Жуанг.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ