Девет загинати при авганистански напад во Пакистан

Од:

Најмалку девет лица се убиени кога авганистанските безбедносни сили, со поддршка на артилиерија, отвориле оган врз работниците кои, од пакистанската страна на границата, собирале податоци за попис на жителите и врз трупите кои ги прателе.

При нападот загинале девет цивили, а 42 се повредени, меѓу кои и жени и деца, јави Танјуг.

Пакистанските власти наведоа дека тој прекуграничен напад не бил предизвикан со ништо, додека авганистанските претставници тврдат дека Пакистанците први отвориле оган и повредиле двајца авганистански полицајци.

Портпаролот на пакистанската војска генерал мајорот Асуф Гафур изјави дека војската ја затворила границата како одговор на нападот, со што е блокирано преминувањето на луѓето и транспортот на стока до Авганистан.

– Засега примивме девет тела. Тие цивили се убиени во авганистански напад, истакна докторот на државната болница во Чаман Актар Мухамед, додавајќи дека некои од повредените се во критична состојба.

Премиерот на Пакистан Наваз Шариф издаде соопштение во кое авганистанскиот напад е опишан како „несреќен“.

Тој инсистираше Кабул да престане со прекугранични напади, предупредувајќи дека таквите напади им се закануваат на напорите да се воспостави мир во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски