Десетици убиени и ранети во експлозија на автомобил бомба во Дамаск

Од:

Најмалку 11 лица беа убиени и 40 ранети изминатата ноќ во Дамаск, откако експлодира автомобил бомба на фрекфентна бензинска станица, соопштија опозициски активисти, цитирани од британските медиуми.

Пред бензинската станица имало голема колона од луѓе, кои сакале да се снабдат со бензин, што стана дефицитарен за време на 21- месечната граѓанска војна во земјата.

Атентатот се случи во квартот Барзех ал Балад, населен главно од сунити, но и од други религиозни и етнички малцинства.

За настанот соопшти Командата на бунтовничките сили во престолнината.

Активист, кој живее во квартот, изјави дека видел возила на бразата помош како превезуваат изгорени трупови и луѓе со тешки изгореници, пред де биде избркан од силите за безбедност.

Полуофицијалната телевизија „Ал Ихбарија“ прикажа снимки на десет изгорени човечки тела и припадници на Црвената полумесечина како трагаат по настрадани.

Засега никој не ја презеде одговорност за бомбашкиот напад, посочуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски